More

    Нечистиот воздух предизвикува повеќе од 1.200 смртни случаи на малолетници во Европа годишно

    spot_img

    Загадувањето на воздухот предизвикува смрт на повеќе од 1.200 малолетници во Европа годишно, проценува Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во извештајот објавен во понеделникот.

    „Децата се особено чувствителни на загадувањето на воздухот, од моментот кога се во утробата до полнолетството“, забележа агенцијата од Копенхаген, додавајќи дека лошиот воздух исто така ги става децата на поголем ризик од хронични болести во зрелоста.

    Загадувањето треба да се реши од изворот, се залагаат експертите на агенцијата, велејќи дека емисиите од транспортот, индустријата и греењето мора побрзо да се намалат.

    Една од практичните мерки за кои се залагаат е подобрување на квалитетот на воздухот во близина на училиштата и градинките, на пример преку создавање повеќе зелени површини.

    И покрај подобрувањата во последните години, нивоата на главните загадувачи во многу европски земји остануваат тврдоглаво над границите препорачани од Светската здравствена организација (СЗО), се вели во вториот извештај на ЕЕА.

    Проблемите се особено присутни во градовите. Повеќе од 90 проценти од урбаното население во 2021 година во земјите на ЕУ мораше да живее со нивоа на ситна прашина (PM2,5), озон (О3) и азот диоксид (NO2) кои беа над препораките на СЗО. Ова особено се однесува на Централна и Источна Европа, како и Италија.

    Главната причина за загадувањето со ситна прашина е употребата на цврсти горива како што е јагленот за греење во индустријата.

    Проценетите 1.200 предвремени смртни случаи меѓу малолетниците ги опфаќаат земјите-членки на ЕЕА, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Турција, покрај 27-те земји на ЕУ.

    „Не можеме да ги сметаме децата како мали возрасни кога станува збор за еколошките ризици и загадувањето на воздухот“, рече експертот за загадување на воздухот од ЕЕА, Херардо Санчез Мартинез. Побрзо им е дишењето, повеќе дишат преку уста, поблиску се до земјата“, истакна тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img