More

    Не знаела дека е бремена, а потоа се породила во авионот за Амстердам

    spot_img

    Млада жена неочекувано се породи минатата недела во авион на холандската авиокомпанија KLM додека беше на пат од Еквадор за Амстердам. Како што соопштија од холандската болница каде патничката била примена по породувањето, жената не знаела дека е бремена.

    Неколку часа пред слетувањето минатата среда, жената почувствувала стомачни болки и отишла во тоалет, каде по неколку кратки контракции родила машко дете, соопштија и од болницата.

    Во авионот имало лекари и медицинска сестра од Австрија кои и помогнале при породувањето. Како што соопштија и од болницата, младата мајка на својот син му го дала името Максимилијан, по еден од луѓето кои и помогнале.

    По слетувањето на аеродромот Шипхол во Амстердам, новопечената мајка била пренесена во болница. Објавија и дека и таа и нејзиниот син се добро. Жената ќе го продолжи патувањето до Мадрид како што првично беше планирано откако болницата и ги доставила потребните документи за бебето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img