Фудбалерот на молдавската репрезентација, Витали Дамашкин, сигурно го постигна еден од најубавите, ако не и најубавиот гол во својата кариера и тоа против нашата најдобра фудбалска селекција.
Членот на Лозана во самиот финиш од пријателскиот натпревар во Анталија изведе вистинска „магија“ и со атрактивни ножички го совлада македонскиот голман за израмнување на резултатот на 1-1.