Зборот „холестерол“ обично има негативна здравствена конотација. Тоа е еден вид липиди,
восочна супстанца слична на маснотии, која црниот дроб ја произведува природно и има многу
важни функции во телото: ги стабилизира клеточните мембрани, го поддржува производството на
одредени хормони и е неопходна за нормален развој на мозокот.
Не е секој холестерол ист. Два типа на протеини го транспортираат во и надвор од клетките.
Липопротеинот со ниска густина (ЛДЛ, познат и како „лош“ холестерол) придонесува за таложење.
на маснотии во артериите, што може да резултира со срцеви заболувања и потенцијален мозочен
удар.
Липопротеинот со висока густина (HDL, т.н. „добар“ холестерол) враќа дел од холестеролот од
клетките назад во црниот дроб, кој го разградува и го исфрла од телото.
„За високото ниво на холестерол во крвта секогаш треба да се разговара со лекар“, вели д-р Улрих
Лауфс, раководител на одделот за кардиологија во Универзитетската болница во Лајпциг.
Прочитајте повеќе ТУКА.