Не смееле да тежат повеќе од 64 килограми, без грам целулит

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шон Диди Комбс наводно имал вага на своите неславни забави и барал од гостите да се измерат пред да пристигнат, пишува „Пејџ сикс“. Наводно, девојките не смееле да тежат повеќе од 64 килограми.

„Организиравме мерење доколку е потребно“, изјавил поранешен организатор на забава, кој соработувал со раперот во 2004 и 2005 година. „Девојките мораа да бидат млади и згодни, така што секогаш имав вага во близина. Тие не смееја да тежат повеќе од 64 килограми, но ако девојката беше навистина висока, тогаш правевме некои отстапки“, додал тој.

Уште една организаторка на забавите на Диди рекла дека жените не смееле да имаат целулит и премногу пирсинг или тетоважи. Таа тврди дека девојки со кратка коса исто така не смееле да доаѓаат на забавите на Диди. Што се однесува до облеката, вели, требало да биде прилагодена на забавата.

„Никакви панталони, фармерки и рамни чевли. Секоја девојка мораше да носи фустан, по можност многу краток, доволно долг за да ѝ го покрие задникот. Мораа да го покажат деколтето, да носат високи потпетици, без исклучок”, објаснила организаторката и признала дека гостите на Диди никогаш не прашувал за возраста.

Организаторите тврдат дека не знаеле што се случувало на тие забави и дека девојките кои доаѓале никогаш не зборувале за тоа.

Да потсетиме, Диди беше уапсен во Њујорк, се наоѓа во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално злоставувал луѓе и ги терал да учествуваат во секс-забави и да се дрогираат користејќи закани и насилство.

За помалку од 24 часа, 12.000 наводни жртви на Диди и сведоци контактирале со познатиот американски адвокат. Комбс се изјасни за невин по обвиненијата и е задржан во притвор во очекување на судењето.

Share This Article