Бугарската вицепремиерката и министерка за економија Корнелија Нинова го обвини претседателот Румен Радев дека сее неосновани сомнежи на темата за Македонија и го користи патриотизмот на Бугарите за да си го подигне рејтингот. Реакцијата доаѓа откако бугарскиот претседател утрово го коментираше францускиот предлог за укинување на бугарското вето за Македонија.
– Господине претседателе, престанете да шпекулирате на тема Македонија – напиша таа на својот Фејсбук профил.
– Ја повикувате владата да ги отфрли сите сомнежи дека може да го крене над PCM. Сомнежите ги подгревате вие. Кабинетот не еднаш кажа: Нема да го укинеме ветото. Единствено тело што може да донесе одлука е парламентот – додаде Нинова.
Можеби ќе ве интересира напиша и дека Националното собрание е највисок орган и само тоа може да ги промени условите на договорот со Македонија.
– Нема да го изневериме бугарскиот национален интерес. Да се користи вистинското патриотско чувство на Бугарите за да се прави политички ПР и да се добие личен рејтинг е подлост – пишува Нинова.
Таканаречениот француски предлог е нацрт-преговарачка рамка подготвена од француското претседателство со Советот на ЕУ. Тоа ги вклучува барањата на Бугарија за земјава, заедно со другите критериуми што Скопје треба да ги исполни за да влезе во Европската унија.