Вистински хаос и општа тепачка. Ова е епилогот од последната Македонска вечер која на 11 март се одржа во Швајцарија, а на која настапија познати македонски пејачи и музичари, а на крај морала да интервенира и полицијата.
Неофицијално, причината за оваа тепачка била додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во чинијата, но нема потврда за тоа.
Меѓу најавените гости беа Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и Дали Бенд беа музичките гости кои ги забавуваа нашинците во Швајцарија.