НЕ СЕ ПРОДАВААТ СПОРНИТЕ КОЦКИТЕ ЗА СУПА НА „ПОДРАВКА“, СЕ ЧУВААТ ВО МАГАЦИН

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди дека целокупните увезени количини на говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок  на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година кои беа посочени како небезбедни се наоѓаат во магацинот на увозникот и не се пуштени во промет.

Агенцијата реагираше по шпекулациите објавени на социјалните мрежи дека  на пазарот се продаваат небезбедни производи (коцки за супа).

Од АХВ велат дека е спроведен вонреден инспекциски надзор во магацин на компанијата увозник и е утврдено дека целокупното увезено количество од производите со посочените серии и рокови на употреба не е пуштено во промет, односно, потенцијално небезбедните производи се наоѓаат во магацинот на увозникот.

„Станува збор за 2.400 парчиња говедска коцка за супа од по 120 грама увезени на 15.07.2024 година и исто количество пилешка коцка за супа увезени на 16.07.2024 година, сите со посочените серии и рокови во известувањето добиено во вторникот доцна попладне, преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845“, појаснуваат од АХВ.

Инспектор за храна на АХВ, додаваат оттаму, по спроведениот вонреден надзор на операторот со храна му издаде забрана за пуштање во промет на наведените производи и нареди нивно нештетно уништување на депонија.

Претходно и увозникот на овие коцки потврди дека тие не се пуштени во продажба.

Share This Article