Не се откажува: Ањели има нов план против УЕФА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По неуспехот на проектот минатата година пред неговиот почеток, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели не се откажува од проектот на новата Суперлига, пишува Газета дело Спорт.

Во април минатата година проектот на европската суперлига заживеа 48 часа, но беше затворен откако први се повлекоа англиските клубови по заканата од УЕФА и протестот на навивачите, а потоа и сите други, освен Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.

Иницијаторите за создавање на споменатата лига, претседателите на Јувентус и Реал Мадрид, Андреа Ањели и Флорентино Перез и покрај заканите на УЕФА дека ќе ги дисквалификува од сите натпреварувања, сепак не се откажуваат, туку зад грб прават сличен проект.

Тоа ново натпреварување би го играле 24 клуба, но не се знае како и по кој критериум би се обезбедил пласманот.

Засега не се знае како на ова ќе реагираат челниците на УЕФА, кои лани јасно ставија до знаење дека ќе ги избркаат сите кои ќе играат во натпреварувања кои не се под нејзино покровителство.

Share This Article