More

    НЕ САМО ЗА ДУБАИ, „БИСЕРА АНТОАНЕТА“ ПРОАРЧИЛА СКАПИ КАРТИ И ЗА ЛОНДОН

    spot_img

    Случајот со 3.000 евра платени од службена картичка за карти за Дубаи, не единствениот ваков за екс-министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Според пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ таа платила и две авионски карти за Лондон за патувањена кое не заминала, па парите повторно пропаднале. На прес-конференција денеска Лефков изјави:

    – Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900 илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале. Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти. Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не. Очигледно е дека Бисера Антоанета, сама, како ќе ѝ текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде – рече Лефков и додаде:

    – Ова е раскалашено однесување и доказ како СДСМ ја ограбувале државата. Утре продолжуваме со нови сознанија од серијалот „Бисера Антоанета“.

    Претходно, ВМРО-ДПМНЕ обзнани за трошењата на екс-министерката во Виена.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img