More

    „Не, професоре, вие и Глигоров ја манипулиравте меѓународната јавност“

    spot_img

    Џевдет Хајредини, прв македонски министер за финансии, остро ги демантира наводите во колумните на професорот Денко Малески во „Фокус“, кои се однесуваат на политиката на тогашното државно раководство кон малцинското прашање во Македонија.

    „Принцип на моето поведение беше никогаш да не правам политички задкулисни маневри, зборувајќи едно дома, а нешто сосема друго надвор“, пишува Малески, прв министер за надворешни работи на Република Македонија.

    На ова, Хајредини возвраќа:

    „Не, професоре, во тоа време, од претставниците на западните држави сте ги криеле ‘политичките задкулисни маневри’, што тогашното раководство на чело со Глигоров ги правеше во однос на положбата и барањата на Албанците во Македонија. Последиците од тие ‘маневри’ ќе ги видиме дури 10 години подоцна“.

    Малески објавува фрагмент од писмото на Глигоров упатено до шефовите на државите и владите на земјите во светот на 2 декември 1991 година:

    „Другите националности што го сочинуваат нејзиното население уживаат еднакви права и целосно учествуваат во политичкиот живот и во стопанството на Македонија“.

    И на ова Хајредини реагира остро:

    „Не, професоре Малески, и на двајцата ви било познато дека ова не беше точно. Точно беше дека во државната администрација над 90% вработени и 99% на раководни места беа Македонци, 99% во менаџерските тимови и околу 90% вработени во општествените претпријатија, исто така, беа Македонци.
    Последиците од оваа состојба, како што е познато, ги видовме во наредните години“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img