Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека го победил Џозеф Бајден пред 3 дена кога претседателот на САД реши да се повлече од претседателската трка.
Тој синоќа ја одржа првата средба во Шарлот, Северна Каролина, откако Бајден ја напушти трката за нов претседателски мандат.
Трамп рече дека Бајден се откажал бидејќи губел според сите анкети и тврди дека демократските лидери му рекле да се откаже, инаку ќе се повикаат на 25-тиот амандман на Уставот на САД кој се однесува на преземањето на претседателската функција во случај на смрт на претседателот, оставка или неможност да ги извршува своите должности.
Тој исто така кажа дека досега во Белата Куќа не постоел поголем лудак од Камала Харис.