More

    Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда

    spot_img

    Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, информира командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари.

    Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го носи огнот кон планината.

    – Моментао на терен е екипа со едно возило и двајца пожарникари. Поради непристапноста на теренот не можеме да интервенираме. Побаравме помош од Дирекција за заштита и спасување уште околу 13.30 часот, кога беше пријавен пожарот, но се уште никој не дојде – изјави Мазари.

    По пријавувањето на пожарот, на терен излегле две екипи на ТППЕ Струга со шест пожарникари.

    Пожарот во полиција бил пријавен нешто по 14 часот, а екипи на полицијата се присутни на терен, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img