Не му е првпат на Новак Ѓоковиќ да го крши рекетот како што тоа го стори пред некој ден на Вимблдон кога ненадејно беше симнат од тронот од младиот Карлос Алкараз. Всушност, Ѓоковиќ во кариерата досега 54 пати скршил рекет, пишуваат Тенисонфлејм.
Рафаел Надал само еднаш. Роџер Федерер 11 пати. Но, рекордер дефинитивно е Марат Сафин, кој во својата 12-годишна кариера го скрши рекетот над 700 пати. Тоа е речиси 13 пати повеќе од Ѓоковиќ. На пример, Сафин само во 1999 година преполовил 48 рекети.
Џон Мекинро зад себе оставил 78 прекршени рекети, додека Серена Вилијамс 72.
По мечот со Алказар на Вимблдон Ѓоковиќ беше казнет со 6.117 фунти за „злоупотреба на рекет“.