На луѓето со висок крвен притисок не им се препорачува да пијат алкохол, особено не овие пет видови на алкохолни пијалоци.
Пијалоци помешани со газирани сокови
Пијалоците како што се џегер, густин, кола од пелин или вотка спрајт се многу популарни, но многу штетни бидејќи шеќерот кој се наоѓа во газираните сокови може да го зголеми крвниот притисок, тврдат експертите, пишува Eatthis.com.
Крвава Мери
Иако се претпоставува дека овој коктел е поздрав поради зеленчукот, сепак не е така. Имено, содржи многу натриум, кој може да го зголеми крвниот притисок, особено кај луѓето кои се чувствителни на овој минерал.
Десертни коктели
Коктелите кои содржат сладолед имаат големо количество заситени масти, па затоа воопшто не се здрави за лицата со висок крвен притисок.
Маргарита
Маргарита е уште еден коктел кој како комбинација од шеќер и натриум има негативно влијание на крвниот притисок. Препорачливо е да нарачате класичен коктел маргарита, кој се подготвува со свеж сок од лимета, и да не побарате сол на работ на чашата.
Валкани Мартини
Алкохолот е примарна состојка во овој коктел, па затоа има поголем негативен ефект врз крвниот притисок отколку пијалоците со помал процент на алкохол.