More

    Не може сите млади да бидат информатичари, потребни се стручни кадри од сите сфери

    spot_img

    Не може сите млади да бидат ИТ инженери, бидејќи на државата и се потребни и архитекти, и градежници, и металурзи и технолози, вака проф. д-р Кочо Анѓушев се обрати на дебатата на Машинскиот факултет во Скопје, по повод 20 години од Институтот за мехатроника.

    – Мора да се земе предвид дека стопанството денес не е истото коешто беше пред 30 или 40 години. Индустријата има потреба од друг тип на кадри и одговори, и затоа и факултетите треба да продуцираат кадри на друг начин и со друг пристап, кој одговара на економијата денес. Можеби е добро на факултет, уште после прва година, да се прави насочување на студентите во два правци: инженери кои сакаат да работат во академија, на факултет, во наука, и инженери кои сакаат да работат апликативно машинство, односно кои сакаат да работат во индустријата. – рече Анѓушев.

    Тој додаде дека така и двете групи подобро ќе се спремат за работните обврски во иднина.

    – Исто така, потребна е државна интервенција на пропишување на тоа колку студенти и каде да се запишат на факултетите, и тоа согласно потребите на државата и на општеството. Сега се помалку има запишани студенти на Градежен факултет, на архитектура, металургија технолошки факултет итн. Не може сите млади луѓе да бидат информатичари како што е сега мода и посакувана професија, бидејќи тоа не е одржливо, затоа што државата за да функционира има потреба од стручни кадри во сите сфери. Треба некој да гради и патишта, на пример, а денес не можете да најдете градежни инженери ни да вршат надзор на градбата на патишта. Една држава не може да постои и да се развива без инженери во индустријата – рече проф. д-р Кочо Анѓушев, сопственик и извршен директор на групацијата „Феро Инвест” на панелот на Машинскиот факултет.

    На панелот говореа и министерката за образование Весна Јаневска, ректорката на Унверзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, и директорот на КОСТАЛ, Виктор Мизо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img