Не мора да чекаме да се имплементира секоја запирка, рече министерот Шаленберг

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На состанокот на министрите за Европа на ЕУ во средата во шпанскиот град Мурсија, Австрија презентираше продолжение на својот предлог за постепена интеграција на Западен Балкан.

– Наместо да чекаме да се имплементира секоја запирка од Аcquis, дозволете ни да ги интегрираме земјите кандидати порано во областите на политиката каде што тоа е можно – рече министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг за „Политико“.

Во мај 2022 година, Шаленберг и неговата колешка, министерката за ЕУ Каролина Едштадлер, изнесоа предлог за постепена интеграција на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Србија. Сега, двајцата министри идентификуваа конкретни области на политиката за процесот, кои ги ставија во документ.

Меѓу областите на политиката каде што би можело да им се дозволи на земјите да соработуваат пред целосно да се приклучат на ЕУ, документот споменува „индустриски и потрошувачки добра, јавни набавки, е-трговија“, заедно со „трговија преку царинска соработка“, критични лекови и дел од енергијата и транспортните политики.

– Со целиот фокус на истокот, не треба да направиме грешка да го заборавиме југоисточниот дел на Европа – вели Шаленберг.

Share This Article