More

    Не кажале никому, за да не ги провоцираат Русите?

    spot_img

    Соединетите Американски Држави тајно тестирале хиперсонична ракета кон средината на минатиот месец, за дополнително да не ја провоцираат Русија насреде војната со Украина. Според Си-Ен-Ен, претставник на одбраната изјавил дека ракетата била дизајнирана од Локхид Мартин за програмата Hypersonic Air-breathing Weapon Concept (HAWC), пренесува РТ.

    Според изворот на Си-Ен-Ен, ракетата била лансирана од бомбардер Б-52 во близина на западниот брег и патувала на надморска височина од 20.000 метри повеќе од 480 километри. Изворот не ја открил брзината на проектилот, иако би требало да биде барем Мах-5, што се смета за низок дострел за хиперсонично оружје.

    Ако е ова точно, тогаш тоа е втор пријавен успешен тест во рамките на програмата HAWC, која заеднички ја водат американските воздухопловни сили и Американската агенција за напредни истражувачки проекти за одбрана ДАРПА. Минатиот септември, од ДАРПА објавија дека тестирале прототип на ракета произведен заеднички од Raytheon Technologies и Northrop Grumman, без да понудат никакви детали.

    Се верува дека САД донекаде заостануваат зад Русија и Кина во однос на развојот на хиперсоничното оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img