More

    Не ја симнува насмевката од лицето покрај поранешната сопруга, а имаат причина за славење

    spot_img

    Актерот Бен Афлек повторно е среќен, но овој пат причината е неговата поранешна сопруга, исто така актерка, Џенифер Гарнер и нивните деца, поточно 18-годишната Вајолет, која се очекува да тргне на факултет. Вајолет, како што пренесува „Дејли мејл“ ќе студира на Универзитетот Јеил, а медиумите го заклучиле тоа затоа што еднаш носела маица со лого на тој факултет.

    Гарнер, Афлек, Вајолет и Фин, исто така дете на актерската двојка, на вечерата го прославија големиот успех. Како што знаеме, покрај Вајолет и Фин, актерската двојка има уште едно дете – синот Семјуел. Гарнер и Афлек имаа три деца во бракот кој траеше од 2005 до 2018 година.

    Иако Афлек и неговата сегашна сопруга, пејачката Џенифер Лопез, сè уште, колку што знаат медиумите, не поднеле барање за развод, фановите се помалку имаат надеж дека славната двојка ќе се смири. Дејли Мејл пишува дека Лопез неодамна отишла кај Бен да му честита роденден, но дека не останала таму, туку ја продолжила ноќта со пријателите на концертот на Бруно Марс.

     

    Да потсетиме, актерот не го видовме со Лопез кога оваа лето наполни 55 години. Инаку, пејачката пред неколку дена го посети Афлек во неговата куќа во Пацифик Палисадес, која ја купи во јули и чија вредност се проценува на 20,5 милиони долари.

    Сепак, Лопез не се појави на семејната прослава за успехот на Вајолет. Изворите открија дека пејачката бара и нов дом, а славната двојка ја ставила на продажба заедничката палата на Беверли Хилс за 68 милиони долари.

    – Таа се обидува да најде нов дом за да започне одново. Двојката продолжува да живее одвоено – рекол изворот претходно.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img