Не ја фрлајте кората од јаболкото

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кора од јаболко е богата со влакна и е одличен додаток на се. Затоа, следниот пат кога ќе изедете јаболко, зачувајте ја кората и употребете ја по втор пат.

Направете здрав чипс

Корите од јаболка оставени по подготовката на десертот лесно може да се претворат во вкусен чипс. Измешајте ги со малку путер и додадете прстофат сол, цимет и шеќер. Наредете ги на мрсна хартија и печете на 200 степени околу 12 минути додека не добијат убава жолта боја.

Кога ќе бидат готови, оставете ги да се изладат и да станат крцкави. На крај посипете ги со уште малку смеса од цимет и шеќер и послужете.

Одлични се како топол пијалок

Ставете ги во зовриена вода, заедно со стапче цимет, па сварете малку и процедете ги. Додадете малку мед и ќе добиете одличен чај. На сличен начин се прави и компот, само во тој случај не ја фрлате сварената кора, туку ја послужувате заедно со течноста.

Ставете ги во смути

Кора од јаболко е богата со влакна и е одлична како додаток на здрави смути. Покрај тоа, ќе им даде малку сладок вкус. Ако имате повеќе кора од јаболко отколку што можете да користите, ставете ја во замрзнувач и извадете ја по потреба.

Одлично одат и во салати

- Advertisement -
Ad image

Кората од јаболкото исечкајте ја на тенки ленти и додајте ги во сезонската салата бидејќи освен што е здрава, салатата ќе и даде убав вкус. Одлично се комбинираат со зелена салата, зелка, цвекло…

Направете јаболков оцет

Во тегла ставете ги преостанатите јаболка и прелијте ги со водата во која сте го ставиле шеќерот. Приближно една третина од чаша шеќер се додава во литар вода. Покријте ја теглата со воздушно парче ткаенина, прицврстете ја со гумена лента и почекајте.

- Advertisement -
Ad image

По околу една недела течноста станува потемна. Потоа процедете го и вратете го во теглата, па повторно покријте го со воздушна крпа. Оставете повторно околу три до четири недели. Ќе знаете дека јаболковиот оцет е готов кога во течноста ќе се појават меурчиња. Чувајте го јаболков оцет на поладно место.

Чисти алуминиумски садови

Во вода се ставаат корите од јаболката и се оставаат да зовријат – најпрво зовријте, а потоа намалете ја температурата и варете на тивок оган уште половина час. Изладете ги и исчистете ги алуминиумските садови со течност. Имено, киселината од јаболкото ќе ги отстрани дамките од алуминиумот.

Со нив наполнете ги палачинките

Кората од јаболкото ситно се сечка, се меша со циметот и шеќерот, се додава малку сок од лимон и се филуваат палачинките. Јаболката ќе му дадат на десертот сличен вкус на пита со јаболка. Истата смеса можете да ја ставите во мафини пред печење или да ја послужите на свежо направени вафли, пренесува 24сата.

Share This Article