Не функционира онлајн проверката за готови документи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тотален колапс на системот за онлајн проверка на готовите документи на МВР, граѓаните се жалат дека оваа алатка не функционира.

Доколку се обидете да проверите дали некој од вашите лични документи е готов со проверка преку интернет страната на Министерството за внатрешни работи, ќе добиете порака која гласи:

„Податоците моментално се ажурираат. Ве молиме обидете се повторно подоцна“.

фото: Принтскрин

 

Во овој момент граѓаните не можат со внесувањето на својот матичен број да проверат дали е готова нивната лична карта, возачка дозвола или пасош затоа што веднаш ја добиваат оваа порака. Како што нè информираа дел од граѓаните ова се случува од вчера попладне.

Плусинфо и минатата недела пишуваше за овој проблем со кој се соочуваат граѓаните. Претходно, доколку сакавте да проверите дали вашата лична карта е готова и дали можете да ја подигнете, со внесувањето на матичниот број ја добивавте пораката „Вашата лична карта е во процес“.

Речиси да не постои човек кој добил поразлично известување.

Претходно побаравме одговори од Министерството за внатрешни работи (МВР) за овој проблем со кој се соочуваат граѓаните и дали има некое решение.

– Периодов во процес е надоградување на системот за електронска проверка за личните документи на граѓаните кои се имаат фотографирано. Инаку овој систем важи за сите лица кои се имаат фотографирано по први јануари во просториите на МРТВ, „ПС. Беко“ и ПС „Пролет“ – нè информираа минатата недела од МВР.

- Advertisement -
Ad image

Инаку системот пред еден месец беше пуштена онлајн-алатката за проверка на личните документи со цел да се намалат турканиците на кои бевме сведоци во минатите месеци. Само со впишување на матичниот број и селекција на бараниот документ, се проверува дали истиот е готов.

„Со впишување на ЕМБГ може да се провери дали некој од личните документи е во процес на изработка или е подготвен за издавање. Ова засега важи само за лицата кои се фотографирани за патна исправа во МТВ и Пролет. Во иднина ќе се прошири за сите пунктови, како и за личните карти и возачките дозволи“, порачаа од МВР пред еден месец.

Инаку скопјани од 11 март можат да ги подигнуваат готовите лични карти од 9 полициски станици и 5 полициски одделенија во период од 07 до 22 часот, секој ден од неделата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article