More

    Не е точно дека во моментот кога Адора ги купила топланите, тие биле под долгорочен закуп на БЕГ за вршење jавна дејност,

    spot_img

    Не е точно дека во моментот кога Адора ги купила топланите, тие биле под долгорочен закуп на БЕГ за вршење jавна дејност, како што тврди БЕГ во своето соопштение, реагира со демант компанијата Адора.

    „Изјавата на БЕГ не е точна од неколку аспекти. Пред сè Адора топланите не ги купи издадени под закуп, туку во стечајна постапка, без никаков товар и прибелешка во имотен лист и во решение за купопродажба. Дополнително, Договорот за закуп на топланите и официјално е откажан со Одлука на Одборот на доверители на 22.12.2021 година. Од тогаш па сè до денес топланите се користат без регулиран однос со сопственикот Адора. БЕГ не се согласуваше со оваа одлука и покрена неколку судски постапки, од кои дел завршија со правосилни судски одлуки и им беа одбиени како неосновани, а дел БЕГ ги повлече, бидејќи јасно беше дека ќе ги загубат“ – се вели во демантот на Адор.

    Во него се коментира и тврдењето на БЕГ дека плаќала закуп за топланите на Адора, а од страна на Адора сумите ѝ биле враќани.

    Тоа делумно е така, меѓутоа причината зошто од Адора не беа прифатени тие средства не е поради висината на закупот, туку поради основот на плаќањето. БЕГ ги плаќаше тие пари повикувајќи се на стар Договор за закуп кој беше откажан, факт потврден со судски одлуки, со што БЕГ нелигитимно сакаше да го одржи истиот во живот. БЕГ сега велат дека ќе се раздолжат кон Адора во некоја недефинирана иднина, што не е воопшто типично за функционирање како дел од регулиран бизнис. Доколку ЕСМ го превземе регулираното производство на топлинска енергија, БЕГ од тој момент ќе престане да има било каков приход од дејноста што ќе придонесе до неможност да го исплати долгот“ – се вели до демантот од Адора.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img