More

    Не е секогаш алергија – ова се симптомите на нетолеранција на глутен кај децата

    spot_img

    Многу родители ги мешаат алергијата и нетолеранцијата на глутен, кои всушност се две сосема различни работи.

    Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и другите житарки. Го има во многу вообичаени јадења и пијалоци, вклучувајќи тестенини и житарки, и често се наоѓа во одредени лекови.

    Како што пишува Клиниката во Кливленд, многу родители ги мешаат алергијата и нетолеранцијата на глутен, кои всушност се две сосема различни работи.

    За разлика од алергијата на глутен, односно целијачната болест, кога симптомите се многу потешки и опасни, детето со нетолеранција чувствува само блага реакција по консумирање храна која содржи глутен, пренесува Index.hr.

    Педијатрите тврдат дека симптомите кои откриваат дека детето може да биде чувствително на глутен се следните:

    – грчеви и гасови во стомакот

    – стомачни болки

    – дигестивни проблеми како што се запек или дијареа

    – анемија

    – анксиозност

    – надуеност

    – проблеми со концентрацијата

    – зголемен замор

    – главоболка

    – болки во зглобовите

    – гадење

    – послаб осип на кожата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img