More

    Не е решение податоците да се чуваат на хартија, сајбер-заштитата на министерствата ќе се врши од еден центар

    spot_img

    За жал, како држава веќе подолго време бевме мета на сајбер напади коишто граѓаните делумно ги почувствуваа. Тоа се заканите за бомби кои доаѓаа на хибриден начин кон основните и средните училишта, па потоа и во трговските центри, а сличен вид на напади се случуваа и во државни институции. Затоа, како Влада, со формирањето на Министерство за дигитална трансформација многу сериозно и посветено се фокусиравме на институционална изградба на структури коишто ќе превенираат, кои ќе информираат за потенцијални сајбер-закани, а потоа и во случај на сајбер-напад ќе можат и да реагираат, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на интервјуто за „Гласот на Америка на македонски“, соопшти неговиот кабинет.

    Андоновски вели дека се фокусираат на изградба на структури, центри за одговор на компјутерски инциденти, кои ќе превенираат и информираат за потенцијални сајбер-закани, а во случај на сајбер-напад да можат да реагираат. Андоновски очекува овие центри да профункционираат во 2025 година.

    -Треба да постојат два типа на вакви центри во државата коишто меѓусебно ќе бидат поддржани. Едниот би бил одговорен кон јавноста, невладиниот сектор, приватните институции, кон сите заинтересирани и кон граѓаните, а вториот би бил владин центар за одговор за сајбер-напади кој што ќе ја превенира целокупната владина мрежа на државните институции и ќе ги следи состојбите – рече Андоновски.

    Тој додава дека е многу важна заштитата на податоците на граѓаните и сè додека нема вистинска заштита на опремата, хардверот, но и на софтверот, не може да се зборува за сајбер-безбедност од највисок вид.

    -Има институции коишто се движат во насока на тоа сè ќе чуваме на хартија, па така ќе бидат безбедни граѓаните, но, што се случува кога имаме пожари? Знаеме колку пати ни се случи да изгорат институции во градот Скопје коишто чуваат податоци на граѓаните, поплави, несоодветно чување на архивскиот материјал. Решението не е во хартијата, решението е во вистинска сајбер-заштита на електронските системи кои ги имаме и нивно поврзување со дополнителни заштитни сервери кои би служеле како резерва за заштита на податоците на граѓаните – вели министерот Андоновски.

    Во врска со безбедноста на владините веб-страници од напади Андоновски најавува дека ќе предложи до Владата да се изработат заеднички веб-страници на владините институции за да бидат заштитени преку еден систем, односно, да бидат позиционирани на едно место.

    – Моментно секоја институција креира своја веб-страница, така било досега, тие меѓусебно тешко се поврзуваат и заштитата се одвива многу тешко затоа што ако на една институција ѝ заврши лиценцата или не може да ја продолжи таа лиценца останува без заштита, а со самото тоа што таа веб-страница е поврзана со некои други веб-страници на Владата, еден напад на една институција би значел напад на сите владини институции коишто се меѓусебно поврзани – објасни Андоновски.

    Тој вели дека во неговиот мандат приоритет му е изводот од матична книга на родените да се издава дигитално, на начин што изводот ќе биде достапен и за другите институции, а и самите институции ќе можат сами да го прибираат „за да не одате граѓаните на лице место и да покажуваат дека имаат извод“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img