Овие денови имавте можност да прочитате во голем дел од медиумите вест за тендерот што компанијата „ЕУРОВИА“ го доби тендерот со вредност од 1.5 милиони евра, од Министерството за надворешни работи. Но во 2014 година ,тогашната влада предводена од Никола Груевски,а за организација на НАТО Самитот во Охрид ,на хотелот каде се одржуваше НАТО Самитот му додели 3 МИЛИОНИ евра,за реконструкција на постојниот хотел!!! Иено овие 3.000.000 Евра биле доделени за затворање на пливачкиот б азен во хотелот и негова пренамена во свечена сала.За потсетување ,овој хотел лоциран веднаш до резиденционалниот комплек Вила „Билјана“ ,поточно поранешната АД „Инекс Горица“ Охрид беше купен на Македонска Берза за 2.4 милони евра,а само за реновирање дарежливата влада одобрила 3 милиони евра.Чудесна Македонија,ако се знае фактот дека во поранешната фирма АД „Инекс Горица“ влегувал елитниот хотел „Цавтат“ во Цавтат, авто кампот „Градиште“,Хотелот „Парк“ денешен комплекс „Голден Бич“ како и земјиште со пропратни угостителски објекти во површина од над 200.000 мкв во месноста Парк во Охрид,поточно владата го наградила купувачот со над 700.000 евра затоа што ја купи АД „Инекс Горица“ ….