More

    Не била импресионирана ниту од фактот што рускиот претседател наредил да се распише потерница против неа, a постојано бара од Европа да обезбеди помош за Украина

    spot_img

    Не била импресионирана ниту од фактот што рускиот претседател наредил да се распише потерница против неа, a постојано бара од Европа да обезбеди помош за Украина. Естонската премиерка Каја Калас ќе биде новиот висок претставник за надворешни работи на ЕУ, втора најмоќна жена по Урсула Фон Дер Лејен. Таа не е збунета, пишува Дојче веле. претставувајќи ја Калас како естонската челична дама.

    -Тој (Путин) сака да се плашиме. Но, тоа би му го дало тоа што го сака. Затоа не треба да се плашиме – вели оваа 47-годишна жена во интервју за германскиот јавен сервис АРД. Таа нагласи и дека ќе продолжи отворено да го кажува своето мислење.

    Кога беше објавено дека нејзиното име е на листата на најбарани во Русија, многумина и рекоа дека тоа е медал на честа, рече Калас. И на крајот таа заклучи:

    – Очигледно нешто направив како што треба, кога Русите се толку лути на мене.

    Тоа оставило длабок впечаток, дури и кај европските шефови на држави и влади.

    Таа не би била првата од семејството што ќе направи кариера во Брисел. По прогласувањето на независноста на Естонија во 1991 година, нејзиниот татко Сиим стана министер за надворешни работи и финансии. Подоцна, како премиер, тој преговараше за влез на Естонија во ЕУ и НАТО и на крајот стана европски комесар.

     

    Можеби затоа неговата ќерка најпрво избра поинаков пат и кариера како адвокат. Но, таа постигна напредок и во економско-либералната партија реформи. Прво беше избрана за пратеничка во Европскиот парламент, а дури потоа стана првата жена на чело на таа партија.

    Од 2021 година, таа е премиерка на земја што граничи со Русија и каде живее големо руско малцинство. Нејзиниот поглед на Москва е секогаш под влијание на нејзината сопствена семејна историја.

    – Кога Русија ја окупираше Естонија, ги депортираше Естонците во Сибир и донесе Руси во земјата. Моето семејство исто така беше депортирано во Сибир. На крајот на окупацијата, руското малцинство сочинуваше 30 отсто од населението – вели Калас.

    Личната семејна историја е и нејзина мотивација. Калас вели дека го претставува она што го доживеале многу Естонци. Рускиот напад на Украина го промени чувството на безбедност на многу жители на Балтикот и отвори стари рани. Калас со своите јасни зборови ги охрабрува сонародниците.

    Но, може да има и внатрешно-политички причини за нејзиното заминување во Брисел, се вели во анализата. Калас ја изгуби популарноста во Естонија. Нејзините мерки за штедење се крајно непопуларни.

    Покрај тоа, нејзиниот углед беше нарушен кога беше објавено дека нејзиниот сопруг Арво Халик е косопственик на компанија која и покрај санкциите продолжува да работи со Русија, пишува Дојче веле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img