Навивачите дојдоа на вратата на Нејмар, а тој со еден лајк уште повеќе ги вжешти работите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Coupe de France - Round of 16 - Olympique de Marseille v Paris St Germain - Orange Velodrome, Marseille, France - February 8, 2023 Paris St Germain's Neymar reacts after Olympique de Marseille's Ruslan Malinovskyi scores their second goal REUTERS/Eric Gaillard

Невремето во Париз не стивнува. Веста за суспензијата на Лионел Меси започна вистинска лавина, а и Нејмар беше силно погоден од навивачите на ПСЖ.

Вчера пред просториите на клубот пристигнаа неколку стотици навивачи кои го изразија своето незадоволство од работата на управата, но и од однесувањето на најголемите ѕвезди на клубот. Ги гаѓале со разни навреди, но не застанале тука.

Група навивачи решија да го посетат Нејмар, пристигнаа на вратата од неговата куќа и јасно му кажаа што мислат за него:

„Нејмар, оди“, се слушаше низ улиците на Париз, но бразилскиот фудбалер реши уште малку да ги разбранува работите. За се е виновен еден „лајк“, поточно на објава на Инстаграм во која навивачите на парискиот клуб ги нарекуваат „мали и фрустрирани момци“.

Ова би можело дополнително да ги заостри и онака заладените односи меѓу бразилскиот фудбалер и навивачите на Пари Сен Жермен…

Share This Article