Навивачи од Катар се вратиле со симптоми слични на ковид, но болеста е поопасна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Некои навивачи, кои се вратиле во своите земји од светското првенство во фудбал во Катар развиле симптоми на тн. „камилски грип“, потенцијално смртоносна инфекција.

На љубителите на фудбалот, кои масовно се враќаат од Мундијалот во Катар, им се препорачува да внимаваат на знаците на овој вид грип, кој може да биде фатален, објави Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија.

Симптомите вклучуваат покачена телесна температура, кашлица и повраќање, треска, отежнато дишење и дијареа. Камилскиот грип е познат и како Блискоисточен акутен респираторен синдром (МЕРС). Тој е поретка но тешка респираторна болест.

Камилите на Блискиот Исток се главниот извор на вирусот, но луѓето можат да го добијат при контакт со заразените животни или со храна што била контаминирана од нив. Исто така, овој грип може да се добие со конзумирање производи од камили, на пр. непастеризирано млеко од камила.

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги предупреди лекарите да бидат внимателни кога станува збор за навивачите кои се враќаат од Светското првенство и покажуваат знаци на болест.

– Ризикот од инфекција за нашите граѓани е многу мал, но може да се зголеми за оние кои се изложени на одредени фактори на ризик во тие региони, како што се камилите – се наведува во упатствата на Агенцијата.

Многу навивачи кои присуствуваа на Светското првенство, наводно, уживале во јавањето камили во Катар, што претставува дополнителен ризик за лицето да се зарази преку близок контакт со некој што е заразен.

Share This Article