More

    Науката докажа дека лигњите ја менуваат својата боја за да се вклопат во нивната околина

    spot_img

    За прв пат во науката, се докажа дека лигњите ја менуваат својата боја за да се вклопат во нивната околина. Можеби ќе се запрашате како на научниците им требаше толку време за да се уверат во ова однесување, но кога ќе видите колку тоа изгледа природно, ќе се прашате како никој не го забележал порано, пишува ИФЛ Наука.

    Претходно се веруваше дека октоподите и сипите се единствените цефалоподи способни да се камуфлираат во околината, но студијата објавена во Scientific Reports сега ги додава и лигњите на списокот. Откритието било направено во лабораторија каде што истражувачите ги набљудувале животните како се обидуваат да се вклопат во бојата на нивното куќиште.

    – Лигњите обично „лебдат“ на отворено море, но сакавме да откриеме што се случува кога ќе се приближат малку поблиску до коралниот гребен или ако ги брка предатор до дното на океанот – објасни д-р Рјута Накаџима, еден од тројцата автори на студијата.

    Малкумина научници досега имале можност да го проучат однесувањето на лигњите на морското дно, а од друга страна, тешко е лигњите да се одржат во живот кога се во лабораторија. Ова спречило многу експерименти во минатото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img