More

    Научниците тврдат дека конечно ја пронашле причината за мигрената

    spot_img

    Тензичните главоболки и мигрените се најчестите типови на главоболки, но точната причина за овие состојби никогаш не е пронајдена. Барем до сега, ако им се верува на експертите.

    Истражувачки тим во Германија ги проучувал скеновите со магнетна резонанца (МР) на 50 пациенти за да ја анализира поврзаноста помеѓу зачестеноста на главоболки, болки во вратот и мускулите на лицето.

    Што предизвикува мигрена?
    Тие особено се фокусираа на трапезоидните мускули, пар големи триаголни ткива кои се протегаат на задниот дел на вратот и рамената и водат до главата и лопатките на рамото, пишува New York Post, пренесува N1 Zagreb.
    Истражувачите откриле дека оние кои страдаат и од главоболки од типот на напнатост и од мигрена покажуваат поголемо оптоварување на тие мускули на вратот.

    Со други зборови, главоболките се буквално резултат на болка во вратот.

    Скенирањето со магнетна резонанца направени од истражувачите покажало дека учесниците во студијата, во деновите кога страдале од болки во главата и вратот, исто така покажале повисоки нивоа на непријатност во пределот на вратот, што покажува дека тие мускули биле воспалени.

    Ова ги наведе експертите да заклучат дека воспалението во вратот – кое може да се развие поради неколку причини, вклучително лошо држење на телото, недостаток на сон, повреда и стрес – може да биде поврзано со тензични главоболки и мигрена.

    „Нашите наоди ја поддржуваат улогата на мускулите на вратот во патофизиологијата на примарните главоболки“, рече д-р Нико Солман во изјавата, додавајќи дека третманите насочени кон мускулите на вратот може да доведат до истовремено олеснување на болката во вратот, како и на главоболката.

    Третман на мигрена
    Солман истакна дека неинвазивните опции за третман, кои директно го таргетираат местото на болка во мускулите на вратот – како масажа или акупунктура, можат да бидат многу ефикасни и побезбедни од лековите.

    На лицата кои боледуваат од мигрена им се препорачува да бидат прегледани од општ лекар и невролог, што ќе обезбеди навремена дијагноза и правилен третман.

    На луѓето кои страдаат од мигрена, исто така им се препорачува да имаат доволно часови спиење, да го намалат стресот, да се хранат правилно и да избегнуваат други ситуации кои можат да влијаат на појавата на мигрена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img