Научниците предупредуваат: Античките бактерии брзо стануваат отпорни на антибиотици

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тифусна треска е акутна заразна болест предизвикана од бактеријата Salmonella typhi. Тоа е болест која е ретка во развиените земји, но оваа древна закана, за која се верува дека постои со векови, сè уште е опасност во современиот свет.

Според новото истражување, бактеријата која предизвикува тифусна треска развива голема отпорност на лекови и брзо ги заменува соевите кои не се отпорни.

Во моментов, антибиотиците се единствениот начин за ефикасно лекување на тифус, но во последните три децении отпорноста на бактериите кон оралните антибиотици се зголеми и стана уште посилна.

Со секвенционирање на геномите на 3.489 соеви S. Typhia од 2014 до 2019 година во Непал, Бангладеш, Пакистан и Индија, истражувачите открија зголемена отпорност. XDR Typhi не само што е отпорен на антибиотици како што се ампицилин, хлорамфеникол и триметоприм/сулфаметоксазол, туку е отпорен и на поновите антибиотици, како што се флуорохинолоните и цефалоспорините од третата генерација.

Тифус Спербактерија пронајдена во САД, Велика Британија…
Она што е уште посериозен проблем е што овие соеви се шират глобално со голема брзина. Додека повеќето случаи на XDR Typhi потекнуваат од Јужна Азија, истражувачите идентификувале скоро 200 случаи на меѓународно ширење од 1990 година.

Тифусни супербактерии се пронајдени во Југоисточна Азија, Источна и Јужна Африка, но и во Обединетото Кралство, САД и Канада.

„Стапката со која се шират високо отпорните соеви на тифус во последниве години е вистинска причина за загриженост и ја нагласува потребата за итно проширување на превентивните мерки, особено во земјите со најголем ризик“, вели експертот за заразни болести Џејсон Ендрјус од Универзитетот Стенфорд.

Научниците со години предупредуваат за тифус отпорен на лекови. Тифусот развил зголемена отпорност со текот на времето, а денес останал само еден орален антибиотик: макролид, азитромицин. И овој лек може да не делува долго време.

Една нова студија објавена во списанието The Lancet Microbe идентификуваше мутации кои даваат отпорност на азитромицин, а тоа може да ја загрози ефикасноста на сите орални антимикробни агенси за лекување на тифус. Science alert пишува дека DR S Typhi сè уште ги нема усвоено овие мутации, но ако тоа се случи, ќе бидеме во сериозна неволја.

- Advertisement -
Ad image

Ако не се лекува, околу 20 проценти од случаите на тифус може да бидат фатални, а денес имаме околу 11 милиони случаи на тифус годишно. Идните епидемии може да се ублажат со вакцини, но ако тие не се дистрибуираат на глобално ниво, светот може да се соочи со нова здравствена криза, пишува Science alert.

Отпорноста на антибиотици е една од водечките причини за смртност во светот, а каде што се достапни, вакцините можат да бидат една од најдобрите алатки за спречување на катастрофи.

Share This Article