Научниците објавија: Вулканска ерупција кај Тонга е најголемата забележана досега

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Научниците објавија дека ерупцијата на подводен вулкан во близина на Тонга го создала најголемиот облак досега забележан, пишува dpa.

Подводниот вулкан Хунга-Тонга-Хунга-Хаапаи, 65 километри северно од главниот град на Тонга Нукуалофа, еруптираше во јануари, испраќајќи огромен столб од пепел и гас на небото.

Новото истражување на Универзитетот во Оксфорд, објавено во петокот во списанието Science, покажа дека вулканскиот столб најпрво го пробил слојот на мезосферата.

Истражувачите откриле дека столбот достигнал висина од 57 километри, вбризгувајќи материјал низ стратосферата и директно во мезосферата, која започнува на околу 50 километри над површината на Земјата.

Претходно највисоко забележано ниво од 40 километри беше облакот по ерупцијата на филипинската планина Пинатубо во 1991 година, додека на второ место беше ерупцијата на Ел Чичон во Мексико во 1982 година со 31 километар.

Водечкиот автор Сајмон Проуд рече дека наодите се „извонреден резултат“ бидејќи истражувачите никогаш порано не виделе таков висок облак од кој било вид.

„Понатаму, можноста да се процени висината на начинот на кој го направивме (со користење на методот на паралакса) е можна само сега кога имаме добра сателитска покриеност. Ова не би било можно пред десет години“, додаде тој.

Вообичаено, научниците можат да ја измерат висината на облакот со проучување на неговата температура. Сепак, ерупцијата на Тонга беше превисока.

Наместо тоа, истражувачите користеа повеќе сателитски снимки за да ја споредат разликата во висината на облакот.

- Advertisement -
Ad image

Коавторот Ендрју Прата рече дека истражувачите сега се надеваат дека ќе ја применат техниката на мерење на други ерупции.

Тој додаде дека сакаат да разберат „зошто облакот на Тонга се искачи толку високо и какви ќе бидат ефектите врз климата од оваа ерупција“.

Околу 84 отсто од околу 105.000 жители на сите острови во Тонга беа погодени од пепел од ерупциите и последователните цунами, чии бранови стигнаа до Алјаска.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article