Научници: Помладите мажи полесно слабеат, додека кај жените важи спротивното

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според научниците, диетите се поуспешни за жените по менопаузата.

Студијата покажала дека жените постари од 45 години кои ги намалувале калориите за еден месец, успеале да изгубат околу 10 отсто од телесните масти, додека помладите жени на истата диета изгубиле околу осум отсто од телесните масти.

За жал, за помладите жени кои се обидуваат да изгубат тежина, откриено е дека мажите помлади од 45 години губат повеќе маснотии од жените кога ги намалуваат калориите.

Разликата меѓу половите исчезна по оваа возраст (45 години), кога жените или се приближуваа или минуваа низ менопауза.

Истражувачите веруваат дека имаат дополнителни докази, од експериментите на глувци, дека губењето маснотии е полесно за постарите жени.

Помладите женски глувци складираат повеќе маснотии и согоруваат помалку од мажјаците кои се на диета, веројатно затоа што мастите се важни за плодноста и раѓањето деца.

Тоа укажува дека на жените им е полесно да се ослободат од вишокот килограми по репродуктивниот период.

Д-р Вилијам Которн, кој ја предводеше студијата од Универзитетот во Единбург, рече дека „овие резултати се добри вести за жените кои можеби се бореле со диети на помлада возраст, бидејќи тоа сугерира дека резултатите може да се подобрат со возраста“.

„Добар поттик е да не се откажуваш“, вели докторот и додава дека „намалениот внес на калории има многу здравствени придобивки и може да му помогне на човекот да старее поздраво“.

- Advertisement -
Ad image

Тој вели дека некои претходни истражувања покажале дека ефективноста на овие диети може да се разликува помеѓу мажите и жените.

Истражувачите планираат да направат повеќе за да разберат зошто тоа се случува, но веруваат дека диетите се помалку ефикасни за постарите мажи, што делумно може да ја објасни распространетоста на „пивските стомаци“.

Во меѓувреме, жените, чии нивоа на естроген обично се намалуваат на возраст од 45 години, може да изгубат повеќе маснотии кога не се потребни за поддршка на можна бременост, пишува Daily Mail.

- Advertisement -
Ad image

Студијата е објавена во списанието „eLife“.

Share This Article