Одложен е квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу репрезентацијата на Косово и селекцијата на Израел, кој беше закажан за в недела на 15 октомври.
Во Израел од минатиот викенд траат жестоки воени судири.
Сите спортски настани се одложени, во земјата е прогласена вонредна состојба, па израелските фудбалери нема да можат да одиграат натпревар во Приштина од седмото коло од квалификациската група И.
Во шесте одиграни кола, Израел оствари учинок од три победи, две нерешени и еден пораз и е во трка со Швајцарија и Романија за едно од првите две места кои водат на ЕП 2024.