НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година, стои во заклучната декларација усвоена од шефовите на државите и владите на земјите-членки на Алијансата на состанокот во Вашингтон.

Унгарија, која се спротивставува на воената помош за Украина, доби право да не ја дава истата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој на самитот јасно го кажа својот став за конфликтот, порача дека дека НАТО мора да го донесе мирот, а не војните околу него.

На третиот ден од вашингтонскиот Самит на НАТО, лидерите на Алијансата ќе имаат состанок со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, како и со високи претставници на Европската Унија. Самитот ќе заврши со заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на шефовите на држави или влади, на кое ќе се зборува за поддршката на Алијансата за Киев.

Share This Article