НАТО излезе со соопштение во врска со експлозиите на Северен тек 1 и 2.
Тие ги повикаа сите сојузнички земји да се приклучат на заедничката декларација.
„Оштетувањето на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во меѓународните води во Балтичкото Море предизвикува длабока загриженост. Сите моментално достапни информации укажуваат дека ова е резултат на намерна, непромислена и неодговорна саботажа.
Протекувањето предизвикува ризици за испорака на енергетски производи и значителна штета на животната средина. Ги поддржуваме тековните истраги за да се утврди потеклото на штетата.
Ние како сојузници се обврзавме да се подготвиме, одвратиме и одбраниме од присилна употреба на енергија и други хибридни тактики од државни и недржавни актери. Секој намерен напад на важната инфраструктура на сојузниците ќе наиде на единствен и решителен одговор“, се вели во соопштението на НАТО.