НАТО најави дека утре ќе потпише протоколи со Финска и Шведска за пристапување на двете земји во Алијансата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

НАТО најави дека утре ќе потпише протоколи со Финска и Шведска за пристапување на двете земји во Алијансата. По потпишувањето на протоколите се предвидува процес на ратификација од сите 30 земји на НАТО.

„Разговорите меѓу претставниците на пактот и двете земји продолжуваат денеска“, се наведува во соопштението.
На претстојното потпишување утре се очекува да бидат вклучени министрите за надворешни работи на двете земји кои аплицираа за пристапување во Алијансата на почетокот од оваа година. Нивното барање беше потврдено на самитот на НАТО на крајот на минатиот месец во Мадрид.

Се наведува дека Босна и Херцеговина, Грузија и Украина исто така изразија желба да се приклучат.

Share This Article