НАТО ќе ја зголеми поддршката за Украина, но нема да испрати војници во земјата за да не стане „дел од конфликтот“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Северноатлантската алијанса (НАТО) ќе ја зголеми поддршката за Украина, но нема да испрати војници во земјата за да не стане „дел од конфликтот“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Иако ја зголемуваме поддршката за Украина за да се одбрани, не планираме да испратиме војници на НАТО во Украина, ниту да ја прошириме воздушната одбрана на НАТО во Украина. НАТО нема да стане дел од конфликтот – рече Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Според него, теоретски би било можно да се соборат руски ракети од териториите на Полска или на Романија со помош на „Патриот“.

Share This Article