НАТО испраќа уште 200 војници на Косово

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Members of the NATO-led Kosovo Force (KFOR) patrol in Zvecan, Kosovo, May 31, 2023. REUTERS/Ognen Teofilovski

НАТО објави дека испраќа уште 200 дополнителни војници во Косово како дел од мировната мисија КФОР, потврди портпаролот на Алијансата Дилан Вајт.

Оваа распределба беше одобрена во неделата, на 1 октомври, на барање на врховниот командант на сојузничките сили за Европа, јавува Радио Слободна Европа.

Дополнителни двесте војници ќе се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои дејствуваат на Косово.

Алијансата потврди дека ќе следи дополнително засилување на војниците на КФОР од другите земји-членки.

„Одлуката уследи по нападот врз косовската полиција на 24 септември и ги зголеми тензиите во регионот“, потврди Вајт во писмото што го испрати до медиумите.

Тој наведува дека оваа одлука е внимателен чекор за да се осигури дека силите на КФОР ги имаат потребните капацитети за исполнување на нивниот мандат и одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе во Косово.

„Ги повикуваме Белград и Приштина повторно да се вклучат во дијалог со посредство на Европската унија, што е единствениот начин да се постигне траен мир и стабилност за сите заедници. Сите страни треба да се воздржат и од запалива реторика, која е контрапродуктивна и ризикува дополнително да ги влоши тензиите“, се вели во писмената изјава на портпаролот на НАТО.

Ова е второ засилување на трупите на НАТО во Косово во недела и во светло на нападот на косовските полицајци на северот на земјата на 24 септември.

Share This Article