НАТО има две до три години да се подготви за руски напад врз Алијансата, предупреди шефот на норвешката одбрана Еирик Кристоферсен во интервју за Блумберг.
Дискутирајќи за способноста на Русија да ги обнови своите сили додека води војна во Украина, генералот Еирик Кристоферсен рече:
„Ќе биде потребно извесно време, што сега ни дава прозорец од следните две до три години да ги обновиме нашите сили, да ги обновиме нашите резерви додека ја поддржуваме Украина.
Временската рамка на генералот Кристоферсен е пониска од претходните проценки. Германскиот министер за одбрана во јануари предупреди дека Русија би можела да го нападне НАТО за пет до осум години, пишува Бумберг.
Сè пострашни предупредувања од западните лидери
Зборувајќи во Осло, Кристоферсен укажа и на изјавата на Владимир Путин дека Русија не сака војна со НАТО. НАТО има само две до три години да се подготви пред Русија да ја врати способноста да изврши конвенционален напад врз Алијансата, објави Блумберг на 3 јуни, цитирајќи го генералот Еирик Кристоферсен, највисокиот норвешки генерал.
Коментарите на Кристоферсен беа најнови во серијата сè пострашни предупредувања од западните лидери и претставници на одбраната за заканата што произлегува од Русија и моменталната неподготвеност на Европа.
„Во еден момент некој рече дека ќе бидат потребни 10 години (пред Русија да ја обнови својата офанзивна способност), но мислам дека се вративме на помалку од 10 години поради индустриската база што сега работи во Русија“, рече Кристоферсен.
„Ќе биде потребно извесно време, што сега ни дава прозорец од следните две до три години да ги обновиме нашите сили, да ги обновиме нашите залихи во исто време кога ја поддржуваме Украина.
За разлика од нејзините нордиски соседи Шведска и Финска, Норвешка е членка на НАТО од основањето на Алијансата во 1949 година.
Норвешка ги зголеми инвестициите во одбраната
Норвешка ги зголеми трошоците за одбрана од почетокот на руската војна во Украина и има за цел да достигне праг од 2 отсто од БДП во 2024 година, со дополнително зголемување од 2,7 отсто од БДП до 2030 година.
„Сега гледам прозорец во кој можеме да ги исполниме барањата за кои НАТО се согласи, нови командни структури, нови структури на сили, нови регионални планови“, рече Кристоферсен. „Значи, тие планови и тие одлуки можеме да ги исполниме во следните години, но мора да го забрзаме. Треба да го направиме ова за две до три години за да бидеме сигурни дека сме подготвени за се што може да се случи“.
Според Килскиот институт за светска економија (IfW Kiel), кој ја следи меѓународната помош за Украина, Норвешка доделила повеќе од 2 милијарди долари на Украина од февруари 2024 година.
Норвешка и Украина, исто така, потпишаа билатерален безбедносен договор во мај, кој вклучува ветување дека на Украина ќе и дадат најмалку 1,3 милијарди долари воена помош во 2024 година, пренесува tportal.