More

    НАТО денеска ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествува воен персонал од приближно 2.000 лица во осум воздушни бази во следните две недели

    spot_img

    НАТО денеска ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествува воен персонал од приближно 2.000 лица во осум воздушни бази во следните две недели. Според НАТО вежбата не е одговор на руската инвазија на Украина.

    НАТО нагласува дека „Steаdfast Noоn“ е „рутинска и повторлива активност за обука“, а не одговор на руската инвазија на Украина. Но, Алијансата сака да испрати  јасен сигнал до Москва дека e подготвенa да се брани со нуклеарно оружје доколку е потребно.

    NATO’s annual tactical nuclear weapons exercise Steadfast Noon begins today. Here is a backgrounder including what is happening at the different nuclear bases: https://t.co/PLiIolS77w pic.twitter.com/4aAX7SvDEu

     

    Во вежбата „Steadfast noon“ 60 авиони ќе учествуваат во летови над Западна Европа. Тие вклучуваат борбени авиони способни да носат американски нуклеарни бомби стационирани во Европа и бомбардери со долг дострел, како и авиони за надзор и полнење гориво.

     

     

    Ниту една од вежбите нема да вклучува вистинско оружје, соопшти НАТО. Овогодинешната вежба ќе се одржи во воздушните бази во Белгија и Холандија, како и во воздушниот простор над Британија, Данска и Северното Море. Авионите кои ќе учествуваат доаѓаат од вкупно 13 земји на Алијансата.

    – Нуклеарното одвраќање е камен-темелник на сојузничката безбедност – рече шефот на НАТО Марк Руте.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img