More

    НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОВОЈ МЕСЕЦ ЌЕ ИМААТ ЗГОЛЕМЕНА ПЛАТА До 2028 година покачувањето треба да изнесува 46%

    spot_img

    Владата, согласно условите во Буџетот, планира да ги зголеми платите на образовниот кадар со тоа што тие би достигнале раст од 46% до 2028 година. Првичното договорено покачување од 5% треба да стигне во ноември при исплатата на октомвриската плата, најави портпаролката Марија Митева.

    – Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 ипол %.

    Владата, МОН и СОНК ќе потпишат и колективен договор за сукцесивното зголемување на платите, што ќе зависи од приходите во буџетот, но и за други прашања важни за образовниот кадар.

    Одговарајќи на новинарско прашање во врска со Законот за правична застапеност Митева денеска изјави дека до Владата досега не е пристигнато предлог решение откако Уставниот суд го укина Балансерот.

    Таа вели дека прашањето е отворено и дека ќе се разговара во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата. Ставот на Владата е пред да се донесе законското решение, да биде испратено до Венецијанската комисија.

    – Во овој момент нема такво решение коешто е проследено до Владата, ниту на владина седница и за истото веднаш штом се создаде можноста, јавноста ќе биде информирана. Во однос на Балансерот којшто е укинат веќе го кажавме ставот дека истиот ј заврши својата употребна вредност така што целиме кон затворање на прашањата коишто во минатото се покажале како непродуктивни и создавање на нови решенија кои ќе значат навистина правична застапеност – рече Митева на денешната прес-конференција во Владата.

    По укинувањето на Балансерот, од коалицијата Вреди најавија дека подготвуваат предлог-законско решение. Министерот за здравство Арбен Таравари во саботата во изјава за медиумите рече дека законот се подготвува и за оваа недела најави јавна дебата.

    Во однос на писмото што треба да биде испратено до европските институции за европскиот пат на државата, Митева го повтори ставот на премиерот дека ќе се видат размислувањата на европските претставници кои учествуваат на Самитот на Берлинскиот процес по што ќе се изготви писмото кое ќе биде објавено.

    Премиерот Христијан Мицкоски во саботата на прес-конференција во Владата рече дека писмото до ЕУ е во подготовка, но дека пред да го испрати сака да има појасна слика до каде сме и што можеме да направиме. Рече дека ќе оди на самитот на Берлинскиот процес и ќе разговара со голем број европски политичари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img