More

    Наследивме долгови и хаос, 100 дена покажуваме дека може поинаку и подобро, вели Мицкоски

    spot_img

    Првите 100 дена од работата на новата Влада не беа лесни, но, беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас. За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, на прес-конференција за одбележување на 100 дена Влада.

    Наследената состојба беше многу полоша отколку што се очекуваше, а состојбите се далеку од идеални, нагласи тој.

    – Колку повеќе знаеме дека состојбата е пооптоварувачка отколку што очекуваме, нашата решителност станува поцврста. Наследивме потрошен годишен буџет за само шест месеци. Држава од која младите се иселуваат, 600.000 кои живеат само со 150 денари на ден и многу други горливи проблеми. Но, тоа само ги засили нашите ангажмани и мотивираност да ги исправиме и да излеземе на правиот пат. Денешната цел е недвосмислена – 100 проценти посветеност кон реализација на проектите и исполнување на ветувањата – рече Мицкоски.

    Овие 100 дена, како што кажа, не беа лесни, но се само почеток.

    – Нашата примарна задача и фокус беше да ги стабилизираме финансиските текови, да ги затвориме буџетските дупки и да се справиме со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада. Работиме на враќање на долговите, затворање на задолженоста на институциите и на јавните претпријатија и имплементација на конкретни мерки во даночната и социјалната политика. Подготвуваме и екипиравме институции, договараме инвестиции кои се значајни за нашата економија и кои ќе отворат многу нови работни места, и работевме и подготвуваме стотици нови проекти – посочи Мицкоски.

    Се грижиме, додаде тој, за сите, за најмладите, за нивното образование и за старите со првата половина од зголемувањето на пензиите и со други нови проекти што ги планираме.

    – Не ги забораваме ниту земјоделците, ниту работниците, ниту наставниците и професорите, ниту лекарите. Обезбедивме за првпат бесплатни учебници за сите навреме после долго време. За пасоши и лични документи нема редици, покачивме пензии, исплативме долгови и заостанати плати. Секој ден се обидуваме да покажеме дека делуваме, дека сме присутни со активности, но и да донесеме по некоја нова мерка. Се обидуваме да се подобриме, да покажеме дека може поинаку и може подобро – рече Мицкоски.

    Тој нагласи дека со поддршката на општините се обидуваат да ја развиваат државата и да обезбедат проекти кои ќе подобрат нешто.

    За само 100 дена новата влада преку линеарното покачување на пензиите овозможи повисоки пензии за над 330.000 пензионери, нови странски инвестиции, поевтини катастарски услуги, поевтини лекови преку проширување на позитивната листа, највисока откупна цена за винското грозје, ограничена маржа за над 70 прехранбени производи…

    – Следуваат многу повеќе проекти, мерки и реформи за кои ќе работиме со целата наша енергија, со целото наше срце. Следуваат нови инвестиции, ценовни намалувања, но и мерки за младите, и можам да кажам дека даноците ќе се намалат. Во наредните четири недели очекувајте одлука за дополнително намалување на даноците со што ќе станеме држава со најниски даноци во Европа – рече денеска Мицкоски во своето експозе по повод 100 дена Влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img