Наскоро електронски ќе може да се плаќа и на рампата во Желино

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На наплатната рампа кај село Глумово на автопатот „Мајка Тереза“ од денеска е воведено електронска наплата на патарина со картичките М-карта и М-Таг.

Како што соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта, на наплатната рампа исто така можат да се набават овие картички и да се надополнат.

– Со оглед на фактот дека работите се одвиваат според планираната динамика, во најскоро време се очекува за електронска наплата да биде ставена во функција и наплатната станица Желино на истиот автопат со што целосно се заокружува системот за електронска наплата на овој дел од коридорот 8 – велат од Државни патишта.

Според она што е објавено на страната на Државни патишта цената на безконтактна смарт картичка изнесува 100 денари и минималниот износ за надополнување при купување е 300 денари. Износот на секое наредно надополнување не може да да биде помал од 300 денари.

Цената на еден Уред за електронска наплата на патарина (ТАГ) изнесува 1200 денари и минималниот износ за надополнување при купување е 300 денари. Износот на секое наредно надополнување не може да да биде помал од 300 денари.

При користење на безконтактна смарт картичка возилото мора да застане до читачот за безконтактни смарт картици, да ја отчита картицата и рампата автоматски се отвора.

При користење на уред за електронска наплата на патарина ( ТАГ) возилото само ја намалува брзината на возење при што рампата автоматски се отвара.

На наплатните рампи на автопатот „Мајка Тереза“ се работи веќе втор месец.

Електронскиот систем за наплата на патарина почна да се воведува во 2019 година кога беше воведен на Коридорот 10.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article