Насилната смрт на 74-годишен затвореник во затворот Падинска скела во Србија, ја потресе јавноста

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Насилната смрт на 74-годишен затвореник во затворот Падинска скела во Србија, ја потресе јавноста. Српските медиуми пренесуваат дека затвореникот бил тепан, силуван и малтретиран од другите затвореници.

Според неофицијални информации, постои сомневање дека смртта е последица на силување со рачка од метла, при што биле повредени внатрешни органи, пренесува Мондо.

Извештајот од обдукцијата потврдува дека затвореникот починал со насилна смрт, по неколкудневно малтретирање и тепање. Во истагата за случајот е откриено дека жртвата во неколку наврати трпела страшно насилство. Починатиот затвореник често бил покриен со модринки. Меѓутоа, веројатно од страв од одмазда, малтретираниот не смеел да го пријави насилството и на лекарите при прегледот им рекол дека паднал сам.

Починатиот бил во затвор поради издржување казна од 30 дена за прекршување на Законот за јавен ред и мир, а за полесни прекршоци одлежувале казна и тројцата насилници на возраст од 20 и 22 години, кои сега се притворени за убиство.

На осомничените, кои на 14 март биле сослушани во ВЈТ во Белград,  судот на барање на обвинителството им одредил притвор. По трагичниот настан сменет е управникот на затворот во Падинска скела.

Share This Article