Нашите ракометари анулираа 7 гола негатива и обезбедија пласман на Светско!

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската ракометната репрезентација одигра неверојатен натпревар и ја анулираше негативата од седум гола разлика од првата средба и да слави над Фарските острови со 34-26 на домашен терен и да обезбеди пласман на СП 2025.

Иако пред самиот натпревар оние „минус седум“ делуваа превисоки, но македонските ракометари досега на домашен терен има успеано неколку пати да направи пресврти. Па Фараните ја научија лекцијата – никогаш да не се потценува Македонија, па нашиот национален тим одигра меч за паметење во кој стигна до толку посакуваните осум гола позитива.

По израмнетите почетни десетина минути кога беше 5:5, Македонија имаше водство од 10:9, кога следуваше одличен период за нашите ракометари.  Со серија од 5:1, избраниците на Кирил Лазаров стигнаа до тогаш највиски пет гола позитива (15:10), а на полувреме се замина со предност на Македонија од 19:15.

Во вториот дел беше 21:17, кога со низа од три гола, Македонија во 37 минута прв пат стигна до седум гола разлика (24:17), разлика со која загуби на првата средба во Торшавн. Потоа имавме и 25:18, а во 48 минута ги имавме и највисоките девет голови предност и тоа 28:19.

Во последните 10 минути Македонија влезе со предност од 30:21, па беше и 31:22, а во 55 минута повторно имавме посакувано водство од осум гола (31:23). Гостите намалија на 31:24, а потоа Марко Митев со еден одличен пробив погоди за 32:24 на точно две минути до крајот на мечот, воедно и изнудувајќи исклучување од Расмусен.

Гостите го искористија последниот тајмаут, Десното крило на Теигум биеше крај дирекот, по што Пешевски даде гол за 33-24 и ерупција од воодушевување во преполната сала. Гостите погодија за 33-25, а Лазаров зљеде тајмаут на половина минута до крајот. Пешевски го постигна голот за 34-25, Фарските острови стрелаа за 34-26, но нашите ракометари искусно ја задржаа топката до самиот крај и заслужена победа и пласман на СП 2025.

Пешевски одигра перфектен меч со осум гола од осум обиди, седум гола постигна Филип Кузмановски, а шест Марко Митев.

Со оваа победа репрезентацијата на Македонија си обезбеди по деветтипат пласман на ракометните Мундијали.

- Advertisement -
Ad image

Своето видување за натпреварот го изнесе селекторот Кирил Лазаров, кој изјави дека ова е еден од посреќните денови во неговиот живот.

– Јас сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа дека овие момци може да направат пресврт и подвиг. Сакам да се заблагодарам на публиката која покрај лошиот резултат на гости дојде дома да не бодри по којзнае кој пат. Пресреќен сум што може да кажам дека го одигравме најдобриот натпревар. Тотална контрола на играта, без судиска поддршка во текот на целите 60 минути. Добивме една квалитетна репрезентација за која кажав во повеќе наврати уште со која пред да играме дека е добра, а многумина ми ја сфаќаа изјавата како алиби за евентуален неуспех. Може да бидам слаб и да изгубам, но тоа да го поднесам стоејќи, па да тргнам и да продолжам понатаму. Се вративме од многу лош резултат, прифаќам дека бевме слаби, но имаше и други фактори кои придонесоа да бевме уште послаби. Ова е голема работа за македонскиот ракомет, затоа што ќе биде првпат оваа нова генерација без старите играчи преку бараж да се пласира за СП 2025. Едно е квалификации, друго е бараж. Имаме големо срце. Никогаш не сум бил алиби-играч, нема да бидам ни алиби-тренер. Ова е еден од посреќните денови во мојот живот и со мојата Македонија – изјави по средбата селекторот Лазаров.

Share This Article