Нашата мисија е да го заштитиме Донбас од Киев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети руската ексклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија, две членки на НАТО, во време на големи тензии меѓу Москва и западните земји поради руската агресија врз Украина.

Путин ја започна својата посета со средба со учениците на денот на почетокот на учебната година, за време на која одговараше на многу различни прашања од економијата, преку вселенската програма до офанзивата на Москва во Украина, а настанот во живо го пренесуваше руската државна телевизија.

– Нашата мисија и на нашите војници (…) е да ја запреме војната на Киев против Донбас (што е име за источниот дел на Украина) и да ги заштитиме луѓето и, се разбира, да ја одбраниме самата Русија – рече Путин.

Рускиот претседател, исто така, тврди дека жителите на Донбас, област каде што живее големо население што зборува руски, „се сметаат себеси за дел од културниот и јазичниот простор на Русија“.

Share This Article