„Наш клучен НАТО-сојузник, силен борец со рускиот опструкционизам“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Северна Македонија е наш клучен НАТО-сојузник и стратешки партнер на Балканот и ги поддржуваме стремежите на земјата за целосна интеграција во евроатлантските институции, се вели во соопштение објавено денес од Стејт департментот, а во заднина на средбата на државниот секретар Ентони Блинкен со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје.

Во него се вели и дека Северна Македонија покажала огромно лидерство на глобалната сцена како претседавач со ОБСЕ, предводејќи ја Европа пред рускиот „опструкционизам“ во организацијата.

САД се исто така посветени во помошта на нашата земја да развива инклузивна демократија и граѓанска власт, како и да се бори против корупцијата и дискриминацијата.

Вашингтон помага на нашата земја во зајакнување на владеењето на правото; зајакнување и диверзификација на економијата; промовирање на слободата на медиумите; и изградба на поголеми демократски институции во целосно, инклузивно, мултиетничко општество.

„САД го ценат безбедноснот партнерство со Северна Македонија како цврст сојузник во НАТО. Членството на Северна Македонија во НАТО ја зајакнува безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион на Западен Балкан, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Од информациите објавени во соопштението, се потсетува дека во 2022 година, вкупната трговска размена меѓу Северна Македонија и САД изнесувала 270 милиони долари. Американските електро машини и опрема се особено привлечни за увозниците во земјава.

Главниот извоз на нашата земја во САД е тутун, облека, железо и челик.

Од 1993 година досега САД доделиле повеќе од 1.3 милијарди долари помош за Северна Македонија.

Се потсетува дека Северна Македонија е членка на повеќе меѓународи организации во кои тесно соработува со САД, вклучувајќи ги ОН, ОБСЕ, Јадранската повелба, ММФ. Земјата е и официјален кандидат за членство во ЕУ, откако Европскиот совет одлучи да ги отвори преговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија во 2020 година.

- Advertisement -
Ad image

„Северна Македонија покажа огромно лидерство на глобалната сцена како претседавач со ОБСЕ, предводејќи ја Европа пред рускиот опструкционизам. Земјата е претседавач со Групата А5 за 2023 година, чија цел е да ги зајакне демократските институции, да промовира мир и стабилност и подлабоко да ги интегрира земјите од регионот во евроатлантската заедница. Историскиот договор од Преспа од 2019 година го реши спорот меѓу Грција и Северна Македонија што го отежнуваше пристапувањето на земјата во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Share This Article