More

    Насекојдневен „гест“ на ученик во четврто одделение

    spot_img

    Ученик од четврто одделение во ОУ „Вожд Караѓорѓе“ во Алексинац од дома зел 3.000 евра од заштедата на неговите родители, а потоа им ги поделил на соучениците во одделениетопишува весникот „Информер.

    Момчето еден ден дошло на училиште и на сите соученици им шепнало дека им подготвило изненадување по завршувањето на часовите.

    – На крајот од часот го собра целото одделение и почна да дели банкноти. Некму му даде 50, некому 100, а некому и по 300 евра! Рече дека сака да ги почести… Децата прво се збунија, па воодушевени ги зедоа паритеа само неколку одбија – вели еден од учениците, кој бил сведок на настанот.

    Сè било откриено по неколку дена, кога мајка на едно од момчињата во неговиот џеб пронашла 300 евра. Таа веднаш го прашала од каде му се толку пари, а момчето рекло дека парите ги нашол во училишниот двор. Мајката рекла дека ќе бара од училиштето да ги прегледаат безбедносните камери за да се види чии се парите, а момчето потоа признало дека сите во класот добиле пари од еден ученикМајката веднаш се јавила на учителката, која ги известила и другите родители да разговараат со децата и да ги прашаат дали добиле пари, а ја известиле и мајката на момчето кое ја поделило заштедата на своите родители.

    Родител на дете од истото одделение изјавил дека многу деца веднаш ги вратиле парите што им ги дал другарот, но имало и такви кои не сакале да се откажат од подарокот.

    – Децата буткале пари во прасиња, под перници… Мајката на едно момче ја превртела цела куќа и нашла 200 евра под тепихот, бидејќи нејзиниот син не сакал да ги врати парите. Некои деца дури ги враќале парите во динари, а на родителите им рекле дека во менувачници ги размениле еврата што им ги дал другарот, за да можат да ги трошат. Имало и деца кои ги потрошиле сите пари, па родителите морале да ги вратат од свој џеб. Сепак, на крајот сите пари беа вратени, што е добро – вели овој родител.

    Како што се претпоставува, десетгодишното момче дошло до оваа идеја откако во класот дошол нов ученик од богато семејство. Наводно, секој ден после часови ги изнесувал соучениците на пица и колачиња, поради што за само неколку дена станал ѕвезда на класот. Момчето што делело пари од дома веројатно сакало да го следи неговиот пример.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img