More

    НАСА: Најголемата месечина на Јупитер крие огромен океан од солена вода

    spot_img

    Најголемата месечина на Јупитер, Ганимед, најверојатно крие огромен океан со солена вода на длабочина до 100 километри под својата ледена кора, дебела околу 150 километри, објави НАСА.

    Мисијата Јуно на оваа американска вселенска агенција откри соли и органски материи на површината на тој природен сателит, кои најверојатно потекнуваат од длабочините на океанот на Ганимед, кој според некои проценки е десет пати подлабок од океанот на Земјата.

    Хемискиот состав, како и географската дистрибуција на пронајдените органски соединенија и соли елементи, доведуваат до заклучок дека тие стигнале до површината на Ганимед од неговата внатрешност носена од водата од длабочините на океанот.

    Ова откритие на органски елементи укажува на можноста за некаков облик на живот во бескрајните длабочини на Ганимед, кој е единствената месечина во нашиот Сончев систем која има свое магнетно поле.

    Доколку е доволно силен, би можел да заштити некои форми на живот од штетното космичко зрачење.

    Јупитер има 95 природни сателити, на кои Меѓународната астрономска унија им даде статус на месечини.

    Ганимед бил откриен од италијанскиот астроном Галилео Галилеј на 7 јануари 1610 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img